Холандскиот Врховен суд ја потврди пресудата со која земјата е делумно одговорна за геноцидот во Сребреница за време на конфликтот во 1995 година. Судот соопшти дека холандските мировници во ОН ги евакуирале мажите од воената база во близина на Сребреница на 13 јули, 1995 година и покрај тоа што знаеле дека "биле во сериозна опасност да бидат малтретирани и убиени" од страна на силите на босанските Срби.
„Холандските мировници дејствуваа незаконски во евакуацијата на 350 мажи и со тоа ја одземаа можноста мажите да останат надвор од рацете на босанските Срби", посочува судот.
Пресудата следи по долготрајната правна битка на група роднини, познати како "Мајки на Сребреница", кои бараа одговорност од холандската влада за смртта на членовите на нивните семејства.