Владата соопшти дека нема да се одржи најавената лидерска средба, која за денеска ја свика премиерот Зоран Заев.
„Владата на Република Северна Македонија информира дека не се создадени услови за постигнување консензус за организирање на лидерската средба закажана за денеска и дека таа нема да се одржи. Владата одбива да прифаќа ултиматуми од неодговорниот партиски претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој заштитата на криминалот и заложбата за блокади и изолации ги става пред државните интереси за напредок на нашата земја“, се наведува во соопштението на владината прес-служба.
Заев ги повика повика претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на Алијансата за Албанците, на лидерска средба на која требаше да стане збор за три теми, изборниот законик, пописот и законот за јавно обвинителство.
Од Владата неведуваат дека одбивањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да присуствува на средбата, како што наведуваат, укажува дека неговата цел не била да се разговара за предвремени избори, туку да се побегне и од оваа тема. Мицкоски порача дека ќе присуствува на сребдата само ако се разговара за одржување предвремени парламентарни избори.