Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски денеска изјави дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски ќе учествува на лидерска средба само доколку прва тема на разговор е одржувањето на предвремени парламентарни избори.
„Во однос на лидерската средба веќе и претседателот Мицкоски се изјасни. Ние сме децидни дека на таа лидерска средба како прво и единствено прашање мора да се разговара, како прва точка за предвремени парламентарни избори. Во однос на денот и времето, како локацијата, како термин, дополнително ќе биде анализирано во органите на партијата и ќе биде одлучено согласно агендите на претседателот и временските можности“, изјави Арсовски.
Премиерот Зоран Заев за во петок свика лидерска средба на која ќе се разговара за три теми, изборниот законик, законот за јавно обвинителство и пописот.