Музика и пораки од Охридско лето

Охридско лето, 59. издание

Во Античкиот театар во Охрид беше отворено 59. издание на најзначајната музичко-сценска манифестација во земјава, фестивалот „Охридско лето“. Фестивалот беше отворен со спектакуларен настап на светската музичка ѕвезда Ванеса Меј, а официјалното отворање го направија претседателот на Македонија Стево Пендаровски и министерот за култура Хусни Исмаили.

Традиционалната уметничка порака годинава ја сподели истакнатиот македонски режисер со европско реноме, Александар Поповски кој е селектор на драмската програма на фестивалот. Емотивното обраќање на Поповски беше писмо до големиот, неодамна починат македонски драматург Горан Стефановски.

Порака испрати и ѕвездата Ванеса Меј, но со поинаков контекст од оној на фестивалот: Да престане насилството над бездомноте животни.

Фестивалот вечер продолжува со настапот на симфонискиот оркестар на Бријанск во предворјето на црквата „Света Софија“.