Потврдена е досегашната поддршка и соработка од Францијам како и заложбата за понатамошно развивање на билатералната помош со потпишување на билатерален договор за соработка од областа на животната средина, на средба меѓу министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, соопшти МЖСПП.
Во соопштението се вели дека амбасадорот Тимоние посебно ја истакнал спремноста на Франција да ја поддржи Македонија во исполнување на критериумите за зачувување на Охрид на листата на УНЕСКО под светско културно наследство.
“Исто така, се разговараше и за статусот на проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води за Градот Скопје, како многу значаен инфраструктурен проект со кој ќе се придонесе не само за заштита на животната средина, туку и за подобрување на квалитетот на животот на жителите на Скопје и на целата држава“, се вели во соопштеноето.