„Метлата“ ќе заврши до крајот на јули со смена на директорски места

извадени буквите од Влада на Република Македонија во очекување на нови со името Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека наредната недела продолжува следниот чекор од реконструкцијата на Владата. Според него, ќе има смени на заменици министри и директори на институции, а се очекува целиот процес да заврши до крајот на месецов.

Заев истакна дека се работи за повеќе од дваесетина директорски места на централно ниво и веројатно повеќе од триесетина на локално ниво. Со тоа, како што посочи Заев при денешната посета на Стоби, ќе заврши самата реконструкција.