Иранските власти соопштија дека нивните сили убиле 5 осомничени терористи во судирите на границата со Ирак. Според соопштението, групата сакала да се инфилтрира во земјата, а притоа загинал и еден припадник на иранските сили. Во регионот во минатото често имаше судри меѓу иранските сили и курдските милитанти.