Вашингтон предупредува за „активни закани“ за изборите во 2020 година

илустрација

Официјални претставници на американската администрација предупредија на „активни закани“ за претседателските избори во 2020 година. Демократскиот пратеник Деби Дингел изјави дека директорот на Националната разузнавачка Дан Коатс, шефот на ФБИ Кристофер Вреј и други официјални лица „јасно ставиле до знаење дека постојат активни закани и прават сé што можат за да ги спречат“. Според Дингел, брифингот зад затворени врати бил многу импресивен, а прашањето за странско мешање во изборите било едно кое сите треба сериозно да го сфатат. Коатс и Вреј во одделни сесии се сретнаа со лидерите на Претставничкиот дом и Сенатот.