Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побарал од членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина испорачување на сите државјани на Турција кои тамошните власти ги бараат поради обвиненија дека биле поврзани со движењето ФЕТО чиј основач е свештеникот Фетулах Ѓулен, јавуваат босанските медиуми. Според нив, турските власти во минатиот месец им доставиле на босанските власти список на турски државјани кои живеат во БиХ, а на кои им биле поништени пасошите.