Еден украински војник загинал, а тројца биле повредени во конфликтот со проруските сепаратисти во источна Украина. Украинското министерство за одбрана соопшти дека сепаратистите го прекршиле примирјето 16 пати во рок од 24 часа. Според министерството, украинските сили убиле двајца сепаратисти, а повредиле 5 војници.