Протоколот за членство на РСМ во НАТО помина во Парламентарна комисија во Турција

Анкара

Парламентарната комисија за надворешни работи во Големото народно собрание на Турција даде зелено светло за Предлог-законот за Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО да се стави на дневен ред на Парламентот за ратификација, јави агенцијата Анадолија. Претседателот на парламентот, Мустафа Шентоп, за време на неговата посета на Северна Македонија истакна дека Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО за максимум еден месец ќе се ратификува на пленарна седница на Собранието, потсетува Анадолија.