Министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева изјави дека нејзината земја нема да поставува нови услови за Северна Македонија за стартот на преговорите со Европската унија, но исткана оти сака да се решат историските спорови, рече таа на Самитот за Западен Балкан во Познањ, јавува МИА.
На новинарско прашање зошто таа и премиерот Бојко Борисов се вмешале во дебатата за историските личности, Захариева порача дека тоа се должи на фактот дека во минатото историјата се користела за политички цели.
„Кога политичари од минатото злоупотребуваат историски вистини и играат со нив се доведовме до оваа точка да нема блиски врски меѓу нашите две земји“, истакна Захариева нагласувајќи дека Софија нема да поставува нови пречки на европскиот пат на Северна Македонија.
„Не псотавуваме нови услови, соседските односи се содржани во договорот за пријателство“, рече Захариева.