Швајцер Блум: Со нетрпение ве очекуваме во НАТО

Микаела Блум, вршителката на должноста амбасадор на САД во Македонија

„Повеќе од 25 години граѓаните на Северна Македонија сакаат да ја видат земјата како го зазема своето место во западните институции. Таа желба ќе стане реалност оваа година. САД со нетрпение очекуваат во наредните месеци да и пожелат добредојде на Северна Македонија како 30 членка на НАТО, а ние исто така силно го поддржуваме и отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ што е можно побргу“. Ова го порача в.д. амбасадорката на САД во земјава Микаела Швајцер Блум на приемот во американската амбасада што синоќа се одржа по повод американскиот национален празник – 4 Јули. Обракајќи се пред присутните, меѓу кои беше претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претставници на Владата, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, претставници на дипломатскиот кор, Швајцер Блум рече дека земјата како членка на НАТО трајно ќе ги зацврсти своите односи со САД и сојузниците на Алијансата.