Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен е номинирана и ќе биде прва жена на чело на Европската комисија, по тридневниот маратонски самит, објави Би-Би-Си. Номинацијата на Лајен, блиска соработничка на Ангела Меркел, следува откако беа одбиени другите номинации, меѓу кои и онаа на досегашниот заменик на Жан-Клод Јункер, Франс Тимерманс.
Претседателката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард е номинирана за нов шеф на Европската централна банка, на местото на Марио Драги. Белгискиот либерален премиер Шарл Мишел ќе го наследи Доналд Туск како претседател на Европскиот совет.