УЈП: Аплкацијата „Мој ДДВ“ е безбедна за личните податоци

УЈП информира дека апликацијата Мој ДДВ е безбедна за преземање и инсталирање со цел граѓаните да го остварат правото на поврат на 15 отсто од платениот ДДВ. УЈП ги уверува граѓаните дека нивните податоци се максимално заштитени и без да стравуваат да ја преземат апликацијата којашто е поставена и на нивната веб- страна http://www.ujp.gov.mk.

„Во врска со одредени реакции поврзани со наводно нарушување на безбедноста на личните податоци при инсталирање на апликацијата МојДДВ, Управата за јавни приходи известува дека апликацијата е безбедна за преземање и инсталирање со цел граѓаните да го остварат правото на поврат на 15 отсто од платениот ДДВ. Управата уверува дека сите податоци внесени во апликацијата, како што се е-маил адреса и број на трансакциска сметка се сигурни и заштитени од каква било злоупотреба“, се наведува во соопштението од УЈП.