Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека разговорите на евролидерите за идните носители на најважните функции во Европската унија ќе бидат продолжени денеска. Работната вечера на самитот на ЕУ во Брисел почна подоцна од предвиденото. Самитот беше закажан откако лидерите на Унијата на 20 јуни не успеаа да се договорат за идните претседатели на Европската комисија, Европскиот совет, Европскиот парламент и Европската централна банка, како и за новиот висок претставник за надворешна политика и безбедност. Туск предложи на функцијата претседател на Европската комисија да биде кандидатот на левиот центар холанѓанецот Франс Тимерманс, но на тоа се противат Полска, Унгарија и Романија. Конзрвативците пак на тоа место го гледаат германецот Манфред Вебер.