ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно го обвини генералниот секретар на Владата Драги Рашковски дека постојат докази и сомненија кои посочуваат на „постоење на 7 милионска тендерска аванта“. Од партијата наведуваат дека на аудио снимката, која вчера ја објавија поратли, Рашковски договара заклучок кој владата навистина го донела, за што потврдуваат документи“, изјави членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска.
Од партијата побараа Рашковски да одговори на прашања, меѓи кои дали е негов гласот кој се слуша на снимката.
„Дали се слушате како на претсавниците на италијанската компанија им велите дека тие се добитници, но дека имало проблем со процедурата?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека се потребни оставки веднаш и оти „првиот чекор е од владиниот генерален секретар.
Вчера портали во земјава објавија аудио снимка за која велат дека е разговор меѓу државни функционери, меѓу кои Рашковски, и оти таа докажува местење на тендер за набавка на радарски систем финансиран од Европската банка за реконструкција и развој (ЕБОР), на што реагираше со соопштение и Владата посочувајќи дека: „објавените аудио записи ќе докажат дека претставникот на МНАВ долг период не ја реализирал набавката на АТМ систем и со тоа ја загрозувал безбедноста“. Од Владата велат дека сртанува збор за избор на понудувач во 2016 година и оти целата процедура била направена согласно правилата.
Денеска и од СДСМ излегоа со реакција на тврдењарта на ВМРО-ДПМНЕ, наведувајќи дека опозициската партија „шири лажни вести“ и дека „нема никаква афера“ за местење тендер од страна на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски и дека според СДСМ тоа го потврдувал и снимениот разговор „според кој јасно се воочува дека намерно не е објавен во целост и не се зборува за манипулации за тендерска постапка“, велат од СДСМ.
„Како што и претходно беше објавено тендерот и изборот на најповолен понудувач се направени во 2016 година, а договорот за набавка на нов радарски систем, некој свесно го опструирал, загрозувајќи го животот и безбедноста на граѓаните, за што докази се доставени до надлежна институција“, велат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека поради неопходноста на опремата за нормално функционирање на авионскиот сообраќај, по налог на Владата бил свикан состанок за утврдување на динамиката за испорака.