ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нов закон за СЈО кој е во склад со европското право и препораките на Европскиот суд на правдата, соопшти денеска партијата. Оттаму велат дека правосудните институции не смеат да се користат за политичка пресметка: „Одговорност за секоја злоупотреба ќе има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати правната држава и владеењето на правото. По победата на изборите од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе отпочне ослободувањето на Македонија од овој вистински режим“, велат од партијата.