Донесен Законот за враќање на дел од ДДВ

Апликација за поврат на ДДВ

Македонското собрание во скратена постапка го донесе Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, чија цел, според Владата како негов предлагач, е намалување на даночната евазија. Со пријавување на фискалните сметки, физичките лица ќе имаат право на враќање на 15 отсто од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки, при што износот на пресметан данок од кој ќе се враќа данокот изнесува најмногу 12.000 денари во едно тримесечје.