Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа, Метју Палмер вели дека САД очекуваaт на 30-ти јуни да се одржат изборите во Албанија. Тој во интервју за Гласот на Америка кој го пренесува сервисот на албански јазик, вели дека очекува изборите да бидат спроведени на мирен и транспарентен начин.
„По изборите Уставниот суд ќе биде формиран и очекуваме дека споровите околу и по изборите ќе бидат решени преку институциите во земјата, вели Палмер.
Ваквата изјава следува по одлуката на претседателот Илир Мета со која изборите се одложени и ќе треба да се спроведат на 13 октомври.
Централната изборна комисија вчера го одобри барањето на Американската амбасада во Тирана за давање на акредитации на 20 нејзини набљудувачи на изборите и 19 преведувачи