Заев: Тевдовски не е сменет бидејќи не сакал да потпише заем за Клинички центар

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев за време на денешната расправа во Собранието за владината реконструкција порача дека министерот за финансии Драган Тевдовски не е сменет оти не сакал да потпише заем за изградба на новиот Клинички центар откако беше прашан од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски за причините за неговото разрешување.

Заев ги отфрли таквите информации како неточни и истакна дека Тевдовски секогаш бил „за“ нов Клинички центар и оти за тоа јавно говорел.