Груевски нема да биде екстрадиран

Никола Груевски, архивска фотографија

Судот во Унгарија одлучил да не го екстрадира поранешниот премиер Никола Груевски кој избега во Будимпешта во ноември минатата година, јавија пред малку унгарските медиуми. Според Судот во Будимпешта, не биле исполнети услови за негова екстрадиција во Северна Македонија.

Никола Груевски претходно беше приведен на рочиште во судот во Будимпешта.

Тој откако беше осуден на двегодишна затворска казна за предметот на СЈО, „Тенк“ пребега и доби азил во Унгарија.

Јавното обвинителство го обвини Груевски дека ги организирал насилствата на 27-ми април во Собранието, а Министерството за правда ја испрати до унгарските власти новата екстрадиција и за овој предмет.