Премиерот Зоран Заев за време на денешната седница најави дека до Собранието ќе достави предлог за повлекување од негово назначување на функцијата министер за финансии.
„Уставот и Законот за Влада дозволуваат премиерот да биде и министер. Сепак, му дадов налог на кабинетот да ја повлече мојата кандидатура за министер за финансии. Согласно овлатувастувањата со Законот за Влада, ќе раководам со Министерството за финансии, се до изборот на нов министер“, рече Заев
Заев и наложил на Владата да го изготви предлогот, кој денеска треба да биде поднесен до Собранието. Државната комисија за спречување корупција го известила Собранието дека Заев не може да ја извршува и функцијата министер за финансии. Според Антикорупциска, функцијата премиер и министер се неспојливи една со друга.