Причината за смената на министерот за финансии Драган Тевдовски е затоа што јас влегувам, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за Сител и додаде дека не е точно дека не е задоволен од работата на Тевдовски.
„Се работи прво за министер или министерство кое што ги направи најголемите реформи или е поврзано со реформите што се случија во државата или дефинитивно преставува едно од тие што направија најмногу реформи. Тевдовски добро си ја вршеше работата, но сега на ред е една економска лекција во која јас морам да бидам вклучен. Влегувам комплет со цел свој кредибилитет за да одржиме економска лекција, уште позасилено“, изјави Заев.