Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, нема да оди в затвор на први јули, односно актот се одложува повторно, бидејќи Врховниот суд ќе ја преиспитува правосилната пресуда.
„Заради интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека Врховниот суд на РСМ до Основниот кривичен суд – Скопје достави решение со кое барањето на Г.Ј. осудена со пресуда на Основниот кривичен суд – Скопје со КОК бр. 21/18 и пресуда на Апелациониот суд – Скопје со КОКЖ бр. 46/18, од обвинителството означена како „Тенк“, за одлагање на извршувањето на казната – се уважува“, се вели во соопштението на основниот суд.
Јанкулоска беше осудена на четири години казна затвор за случајот „Тенк“ на СЈО, но одењето в затвор беше одложувано поради одгледување на дете.