Премиерот Зоран Заев од Валандово денеска го соопшти предлогот за реконструкција на Влада кој е доставен до Собранието. На местото на Љупчо Николовски е предложен Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.
Заев изјави дека обврската министер за финансии ќе ја преземе лично тој.
„Обврската за министер за финансии, покрај премиерската функција ќе ја вршам јас одреден период. Оваа одлука ја донесов заради тоа што оваа година ќе биде година за економијата. Тевдовски ќе работи околу мене, како советник. Следуваат храбри одлуки од кои бенефит ќе имаат сите граѓани“, рече Заев.