Владата има амбициозна реформска агенда, која дава резултати на политички и економски план, оцени Извршниот директор во ММФ за Конституенцата Антони де Ланој за време на состанокот на Холандско-белгиската конституенца кој се одржува во Скопје. Тој го поддржа воведувањето на прогресивниот данок.
За извршниот директор на Светска банка Кун Давидсе, Преспанскиот договор немал само политичко, туку и економско значење, бидејќи создал доверба и можности за реформи.
Потпретседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија Сирил Милер во својата презентација истакна дека сите земји членки на Конституенцата ќе имаат поголем економски раст од регионалниот просек, а најголем напредок во реформите имаат Северна Македонија и Босна и Херцеговина.
Инаку во тек се средбите на Холандско-белгиската Конституенца, која се одржува во Скопје, на кој поздравно обраќање имаше премиерот Зоран Заев. Воведни обраќања имаа министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.