Бизнисменот Сеад Кочан на 17 јули треба да се јави на издржување на затворската казна за случајот „Труст“. Упатниот акт, како што информираат од Кривичниот суд, веќе му е доставен на Кочан. Апелацискиот суд на Кочан му ја намали казната од шест на четири години и 8 месеци, а Василије Авировиќ наместо ефективен затвор доби условна казна.
Кочан, управител на компанијата „Трансмет“ беше осуден бидејќи со лажни документи учествувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.