Високaтa претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Федерика Могерини на средбата со американскиот државен секретар, Мајкл Помпео во Вашингтон разговарала за серија меѓународни и регионални прашања, вклучувајќи го и Западен Балкан.
Според соопштението на Стејт Департментот, на средбата станало збор за односите САД и ЕУ, како и за други прашања од заеднички интерес и предизвици со кои се соочуваат САД и Унијата.
Во соопштението се нагласува дека Могерини и Помпео го потврдиле силното стратешко трансатлантско партнерство и дека разговарале за клучните области на билатералната соработка како и за низа важни меѓународни и регионални случувања меѓу кои и Западен Балкан.