Трамп го продолжи зголемениот степен на предупредување за Западен Балкан

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи важноста на зголемениот степен на предупредување во врска со Западен Балкан кое е во сила од 2001 година. Тој го информира Конгресот дека заканата поради која тој степен на предупредување е воведен и натаму постои, соопшти Белата куќа.

„Заканата која се огледува во постапките на лица кои се вклучени, помагаат, финансираат или поддржуваат екстремистичко насилство во Северна Македонија и во другите држави на Западен Балкан, како и опструкциите на имплементацијата на Дејтонскиот договор во БиХ или на резолуцијата на ОН 1244 на Косово не е отстранета“, се наведува во одлуката што ја потпша Трамп, а во која се додава дека сето тоа и натаму претставува „невообичаена и голема закана за американските интереси, националната безбедност и надворешната политика на САД.“