Премиерот Зоран Заев по објавувањето на заклучоците на Советот на министрите на ЕУ, на својот Фејсбук профил напиша дека одлученото во Луксембург е јасна потврда за реформите кои ги спроведувале исите резултати остварени на домашен план, но и пофалби за Договорите со Грција и Бугарија. Тој посочува дека со заклучоците на Советот е одредена точна временска точка во која ќе се донесе и потврди одлуката за почеток на преговорите за членство ЕУ, а тоа е не подоцна од октомври оваа година.
„Ние во меѓувреме продолжуваме со работа и реформи. Нашиот резултат е одржлив и незапирлив. Продолжуваме со интензивните подготовки за формален почеток на преговорите до крајот на оваа година. Задоволни сме од денешниот заклучок, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се круниса со конечна одлука за почеток на преговорите и практичен почеток до крајот на годината“, додава премиерот Заев.