Судскиот совет ќе утврдува дали Панчевски местел предмети

Владимир Панчевски

Судскиот совет започнува постапка за да утврди дали судијата Владимир Панчевски, додека бил претседател на Кривичниот суд местел судски предмети. Постапката е тајна па затоа Советот не потврдува против кого се води и чија била иницијативата, но потврдуваат дека треба да се утврдува одговорноста на еден судија. Ако се утврди дека барањето да се утврдува одговорност на судијата е основано, ќе се формира комисија на известители.

Според Извештајот на независната комисија на Министерството за правда, системот за електронска распределба на судски предмети (АКМИС), бил злоупотребуван, па предметите се делеле на рака. Извештајот за Основниот суд Скопје 1 Скопје (Кривичен суд), покажа дека поради тоа што не се користел модулот за автоматска распределба, а распределбата се вршела рачно, 860 предмети останале без доделен судија.

Злоупотреби на системот беа констатирани и во Врховниот суд.