Довербата во процесот за проширување на ЕУ ќе претрпи голема штета ако веднаш не почнат преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија, ијави на прес-конференција високата претставничка на Унијата за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.
Таа истакна дека двете земји се подготвени и оти во интерес на ЕУ е Западен Балкан да стане дел од заедницата. Според Могерини Унијата не треба да се откажува од „најефикасниот инструмент за постингнување мир: „Се надевам дека земјите од ЕУ ќе донесат мудра одлука за итно започнување на преговорите“, изјави Могерини.
Предвидено е Советот на Европа прашањето да го разгледа на утрешната седница во Луксембург.