Дескоска очекува поддршка од сите партии за законот за обвинителство

Министерката Рената Дескоска

Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека законот за јавното обвинителство е пофален од меѓународната заедница и дека очекува сите политички партии во парламентот да ги стават како приоритетни интересите на државата, пред личните интереси.

„Нашата обврска од аспект на подготовка на квалитетен закон е завршена. Очекувам сите политички партии, кои што се во парламентот и сите пратенички групи да ги стават како приоритетни интересите на нашата држава за евроинтеграција, пред личните интереси на лица за кои што се водат постапки од страна на СЈО“, изјави Дескоска.

Според неа, сите партии, вклучително и опозицијата треба да го поддржи законот, бидејќи тој може да се донесе само со двотретинско мнозинство.