Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека повторно ќе се бара екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски за настаните од Собранието на 27 април во 2017 година.
Таа додаде дека досието е комплетирано и дека деновиве ќе биде испратено во Унгарија. Груевски е обвинет дека бил организатор на настаните од 27 април, а осуден е и на две години затвор за набавката на „луксузниот мерцедес“.