Украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат по стапувањето на функцијата ќе ги посети Франција и Германија, при што денеска во Париз треба да има средба со неговиот француски колега Емануел Макрон.
Посетата на Зеленски доаѓа во услови кога тој бара напредок во реформите во Украина и прави напори за справување со конфликтот во источна Украина. Кабинетот на Макрон соопшти дека средбата ќе биде шанса за адресирање на поддршката од Франција за реформите, а ќе се разговара и за начините за решавање на конфликтот во источна Украина.