Мицкоски – Нема датум зашто владата не ја бива

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Две работи се сигурни – СДСМ паѓа, а ВМРО-ДПМНЕ со народот победува, порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прославата на 29-годишнината од основањето на партијата во Македонската филхармонија во Скопје.

Мицкоски рече дека тие не сакаат да го копираат СДСМ и за предизвикаат криза со демонстрации, блокади непослушност и шарање објекти, зашто во овој момент е најважно да не се испушти шансата Македонија да добие датум за преговори за членство во ЕУ. Граѓаните не треба да бидат заложници на неспособната влада, рече тој.

„Нема датум за преговори не затоа што Европа не нè сака, туку затоа што владата не ја бива“, рече Мицкоски.