Рама му замерува на Пендаровски за изјавата за одвојувањето на патот кон ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама.

Албанскиот премиер Еди Рама попладнево преку Фејсбук реагираше на изјавата на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски во која тој вели дека раздвојувањето на Северна Македонија од пакетот со Албанија, не е добро, но е единствен можен начин за добивање зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ.

Рама овој став на претседателот Пендаровски го смета за зачудувачки, при тоа потсетувајќи на „клучниот придонес на Албанија и Албанците во демократските процеси кај соседната земја“.

Според него ова барање од страна на Пендаровски, не е ниту праведно, ниту практично.

Изјавата на македонскот претседател ја коментираше и поранешнот шеф на абанската дипломатија, Дитмир Бушати, според кого раздвојувањето на Македонија од Албанија би била стартешка грешка на ЕУ.

Пендаровски изјавата ја дал за Еуроактив за време на посетата во Брисел ,при што додал дека најголем проблем е како да се изведе раздвојување.