Премиерот Зоран Заев претпладнево во Берлин имаше 40-минутна средба со германската канцеларка Ангела Меркел. Во фокусот на средбата требаше да биде датумот за старт на преговорите со ЕУ во пресрет на самитот на Европскиот совет што треба да се одржи на крајот од јуни во Брисел.
По средбата немаше изјави за медиумите. Работната посета на премиерот Заев е на покана на Здружението за Источна Европа на германското стопанство.