Холандскиот парламент блокира преговори со Тирана, но не и со Скопје

илустрација

Холандскиот парламент синоќа се изјасни против отворањето на преговорите со ЕУ за Албанија, но ја отфрли истата резолуција што се однесува на Северна Македонија. Парламентот во Холандија гласаше за четири резолуции поврзани за проширувањето на ЕУ, но само таа против Албанија доби мнозинство гласови, вклучително и од владејачките партии, со 105 гласа од вкупно 150 пратеници во парламентот. Резолуцијата бара да не се отворат преговорите со Тирана во 2019-та година пред сѐ поради недоволен прогрес во делот на борбата против организираниот криминал и корупцијата. Холандската влада го дели ова мислење. Според нивниот министер за надворешни работи, Стеф Блок, отворањето пристапни преговори со Албанија е избрзана одлука. Резолуцијата за Северна Македонија преку која неколку холандски пратеници бараа исто така да се блокираат преговори со нашата земја беше отфрлена од мнозинството во холандскиот парламент.