Рикер: преговорите со ЕУ треба да започнат што поскоро

Филип Рикер

Администрацијата во Вашингтон е убедена дека Северна Македонија е на вистинскиот пат за зачленување во ЕУ и дека претпристапните преговори на земјата со Брисел треба да започнат што поскоро. Ова го изјави Филип Рикер, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и поранешен американски амбасадор во Скопје. „Северна Македонија сработи одлично и продолжува на тој пат, затоа сум убеден дека нема да подлегне на некаква дестабилизиција со непотребни политички игри. Ова е процес кој треба да се истурка до крај и САД се убедени дека земјaта ќе стане 30. членка на НАТО, и мошне брзо ќе влезе во процесот за полноправно членство во ЕУ“, рече тој за МИА. Помошник државниот секретар во својство на сведок беше на сослушување пред Комисија за надворешни работи на американскиот Сенат. Тој, заедно со Кетрин Вилбаргер, заменик помошник секретар за одбрана, одговараа на прашања од сенатори поврзани со пристапувањето на Северна Македонија во НАТО.