Грција и САД работат за старт на преговорите на Северна Македонија со ЕУ

илустрација

САД и Грција работат на тоа Северна Македонија да ги започне преговорите за членство во ЕУ што поскоро, изјави за МИА Џефри Пјат, амбасадор на САД во Грција. Според него, тоа може да се случи оваа година. На панелот посветен на американско-грчкото сојузништво и остварување на стратешките цели на САД во регионот, Пјат укажа дека Америка во Грција гледа еден од најсилните партнери кои сестрано ги поддржуваат евроатлантските стремежи на земјите од Западен Балкан. САД имаат голема доверба во опозицискиот лидер Киријакос Мицотакис и веруваат дека одличните грчко-американски односи ќе продолжат и ако партијата Нова Демократија победи на изборите закажани за идниот месец, посочи тој.