Захариева: Гоце Делчев е Бугарин

Бугарија нема да направи комромис за датумот за чествување на Гоце Делчев и доколку не се постигне договор околу ова прашање, Софија ќе ја напушти работата на експертската комисија, предупредува шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева во интервју за бугарската Б ТВ. Ова следува по неприфаќањето на бугарската комисија за заедничко чествување на Гоце Делчев на 7 ми октомври. Таа изјави дека овој датум, кој ја одбележува годишнината кога Бугарија и ги предала на Македонија останките на револуционерот, за Захариева е неприфатлив затоа што според неа предавањето на коските е едно од најголемите предавства кон Бугарија.

„Гоце Делчев самиот кажал што е по националност, односно Бугарин, тоа го напишал десетина пати. Се додека продолжуваат да ги едуцираат своите ученици со лажниот национализам, ништо нема да се смени“, изјави Захариева, по само еден ден откако таа учествуваше на македонско бугарска комисија заедно со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.