Богоевски поднесе оставка од пратеничката функција

Пратеникот Павле Богоевски

Пратеникот Павле Богоевски до собраниските служби ја достави оставката пред седницата на која ќе се расправа за одземање на мандатот на пратеникот и поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија. Богоевски оставката ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања, но порача дека ќе стапи на сила откако ќе се гласа за одземање на мандатот на Груевски.

Собраниската седница ќе доцни поради средбата со чешкиот премиер, соопштија од кабинетот на претседателот. Се очекува, според информациите од Собранието, на седницата да биде констатирана оставката на Груевски.