Во експлозија на танкер за нафта во Дагестан загинале тројца морнари

Танкерот за нафта на пристаништето на Махачкала

Тројца морнари загинале во експлозија на танкер за нафта во рускиот пристанишен град Махачкала. Руското министерство за вонредни работи соопшти дека три лица биле хоспитализирани, а за време на експлозијата на танкерот имало 12 лица. Танкерот кој и припаѓа на компанијата Волга пристигнал во главниот град на Дагестан од Туркменистан при што носел 2000 тони нафта.