Одржана седницата на меѓувладината комисија на Северна Македонија и Бугарија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на првиот состанок во Софија на заедничката меѓувладина комисија на Северна Македонија и Бугарија уште еднаш ја нагласил важноста на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка на двете земји.

„Договорот за пријателство, добрососедство и соработка претставува темел на мостот кој треба да не зближи. Процесот на преминување на истиот е долг, може да помине време, но со сигурни и стабилни чекори на другата страна ќе не дочека пријател“, порачал Димитров.

Покрај Димитров и шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева на состанокот учествувале и високи претставници од двете земји од ресорите економија, одбрана, локална самоуправа, образование и наука, транспорт и врски, а според соопштението на МНР, се зборувало за постигнатиот напредок во соработката во тие области, по потпишувањето на договорот.