Сега целокупната подготовка за организирање на пописот е професионална и транспарента, по сите меѓународни стандарди и во неа цело време е вклучен Евростат, соопшти СДСм. Пописот беше најавен уште минатата година, а 2020 година е годината кога би требало да се реализира согласно меѓународните препораки, велат од партијата на власт.
ВМРО ДПМНЕ може да не учествува во спроведувањето на пописот на населението. Тврдат дека на шверцерски начин е изготвен законот кој утре ќе се најде на дневен ред на собраниската комисија за европски прашања.
Опозицијата го обвини оремиерот Зоран Заев дека се обидува по скратена постапка, без консултација и дебата да протне важен законски текст.