Мицкоски: Би ги одбил сите награди на светот само Заев да не е веќе премиер

Сведоци сме како и последната надеж, на која се потпира оваа Влада на Заев за едно прашање, полека но сигурно исчезнува, а европската перспектива е се повеќе загрозена од клиентелизмот на Заев и власта, неспособноста и егоистичните мотиви да се владее за свој личен бенефит, обвини денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вели дека Македонија нема да добие датум од ЕУ.

„Станува јасно дека стратегијата на Зоран Заев беше власт по секоја цена, но не власт за да биде подобро за сите, туку да има разграбување и подобар живот на неколкумина од оваа влада. Во однос на емотивните изјави за двете Нобелови награди кои би ги одбил Заев во замена за датум за преговори, јас би порачал, дека јас би ги одбил сите награди на Светот само Зоран Заев не биде премиер на Република Македонија, бидејќи тој е вистинската пречка за развојот на Република Македонија и среќата која граѓаните ја заслужуваат“, изјави Мицкоски.