За менување на изборниот модел е потребен консензус од сите партии

Гласање во вториот круг од претседателските избори 2019

Тоа што го соопшти претседателот Стево Пендаровски, дека го поддржува пропрционалниот изборен модел со отворени листи, е постулат и од нашата изборна програма. Ние ова прашање го отворивме пред изборите, а и потоа неколку пати, изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, откако од Кабинетот на Претседателот дадоа поддршка за иницијативата за менување на изборниот модел.

Николовски потенцира дека сепак за промена на изборниот модел е потребен консензус од сите политички партии.

Измената на Изборниот законик а со тоа и на изборниот модел, ќе значи создавање на пропорционален изборен модел со отворени листи и намалување на бројот на изборни единици на територијата на државата.