Рускиот претседател Владимир Путин го осуди, како што рече, „обидот да се истера Хуавеј од меѓународниот пазар поради обвиненијата на САД дека кинескиот телекомуникансиски гигант ја користи својата технологија за шпионажа“ и рече дека таквата агресивна американска тактика ќе доведе до трговски војни, а можеби и до реални војни.
Путин ова го изјави на меѓународен форум во Санкт Петербург во присуство на неговиот кинески колега, Си Џинпинг.
„Во некои кругови, ова веќе се нарекува прва технолошка војна на дигиталната ера“, рече Путин.